| четврток, 6 декември 2018 |

Авантуристичкиот викенд стана вистински хорор: Се удавија четворица Американци

Четворица американски туристи се удавија на рафтинг во надојдена река во Коста Рика.

Телото на уште еден локален турист е пронајдено по неколку часа. Се претпоставува дека тие се превртеле и пропаднале во надојдената и матна река Наранџито во познатата туристичка област Куепос во Коста Рика.

– Четиринаесет туристи и три водичи се спуштаа по реката со три чамци за рафтинг и еден кајак , кога се случи несреќата – изјави претставникот на Црвениот Крст, Алехандро Моралес.

Идентитетот на загинатите туристи не е соопштен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top