Собранието на Република Македонија доцна синоќ со 80 гласа „за“ и 39 „против“ со пименично гласање ја донесе одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа и со 75 гласа „за“ заклучи Владата како предлагач на измените најдоцна во рок од 15 дена да изготви предлог амандамни на Уставот и да ги достави до Собранието. Одлуката се објавува во Службен весник и стапува на сила веднаш.
Претходно дента заменик помошникот државен секретар на САД Метју Палмер од Белградскиот безбедоносен форум прати порака до македонските лидери дека мора да се издигнат над политичките поделби, бидејќи, како што рече, ваква историска можност нема повторно да се случи.
Американската амбасада на нивната фејсбук страна веќе објави дека Палмер, в понеделник ќе престојува во посета на Република Македонија каде ќе се сретне со претставници на Владата и политичките партии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


