| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се убиев ако татко ми загинеше: Маријана Мичиќ на лекови по бомбашкиот напад!

Полицијата се уште го истражува нападот на Небојша Мичиќ(63) татко на актерката и водителка на Тв Пинк, маријана Мичиќ(35), кој е полесно повреден во вторникот кога експлодирала бомба која била поставена под неговиот автомобил.

Мичиќ, силната детонација го исфрлила од автомобилот, поради што најверојатно и преживеал. Откако му се санирани повредите, тој е пуштен на домашно лекување.

Настаните од вторникот многу ја вознемириле и потресле водителката.

-Ќе се убиев ако на мојот татко нешто му се случеше – наводно се поверила Маријана на блиска пријателка.

-Маријана е во шок и не може да верува дека некој поставил бомба под семејниот автомобил. Постојано е на лекови за смирување. Вели дека нема претстава зошто некој со бомба би го нападнал нејзиното семејство- вели извор близок на водителката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top