Правдата и помилувањето не се исклучиви, тие се надополнуваат. Пораката што ја испрати вчера премиерот беше токму во таа насока дека на оваа држава и е неопходна правда, изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во врска со вчерашната порака на премиерот Зоран Заев во обраќањето пред пратениците во Собранието каде што се расправа за уставни измени дека сега е момент за помирување.
– Тоа го ветивме и тоа го работиме. И покажуваме дека власта не е таа што одлучува како треба да функционира правната држава, додаде Шекеринска.
Таа истакна дека Владата не се меша, ги почитува основните права, но во истовреме поделена држава не е држава која оди напред.
На новинарско прашање дали доколку се направи компромис со обвинетите за настаните од 27 април, всушност граѓаните со својот глас ќе го казнат премиерот и власта на следните избори, Шекеринска на прес-конференцијата на која што таа, министерот за надворешни работи Никола Димитров и координаторот за НАТО Стево Пендаровски информираа за почетокот на претпристапните разговори, нагласи дека политички најлесно е да се продолжи со поделбите.
– Секој кој ќе го нападне другиот политички профитира, меѓутоа покажавме и во случајот со нашиот однос со соседите и во однос на нашата ситуација дома дека сакаме да водиме грижа за државните, а не за нашите партиски интереси, истакна Шекеринска.
Таа додаде дека има голем број теми околу кои политичарите може да имаат разлики, но оти има и теми за коишто е важно да се покаже заедништво.
Темата, додаде Шекеринска, за која што секогаш биле обединети граѓаните, но и политичарите е членството на Македонија во ЕУ и НАТО.
– Сега е момент да покажеме дека кога е најтешко и кога е најважно Македонија ги носи вистинските одлуки. Тука партиски и лични интереси не смеат да доминираат. Мислам дека премиерот беше многу јасен. Влеговме во оваа операција не за да успееме како личности и како партии, влеговме во сево ова за да успее нашата држава, истакна Шекеринска.
Министерката за одбрана на денешната прес-конференција во Владата најави дека в четврток започнуваат преговорите за членство во НАТО, по поканата добиена по потпишувањето на Договорот од Преспа.
– Со членство во НАТО добиваме подобра и побезбедна иднина, подобро платени работни места, побезбедни граници… Пратениците со притискање на копчето „за“ ќе стават крај на на 27-годишниот макотрпен пат до членство во НАТО. Не смееме да дозволиме да надвладеат личните интереси. Доколку не се обезбеди 2/3 мнозинство, тогаш Собранието на РМ очекуваме во најкус можен рок да закаже предвремени парламентарни избори на кои ќе го обезбедиме 2/3 мнозинство – изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст