Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање до Собранието на Република Македонија пред пратениците на пленарната седница на која се расправа за предложените уставни зимени да се обрати претседателот на партијата Христијан Мицкоски, кој не е пратеник.
„Со оглед на фактот што во овие моменти во законодавниот дом се расправа за потребата од Уставни измени кои имаат суштинско влијание, политичката криза во која влегува нашата земја како и значајноста која овој период ја има за иднината на Република Македонија, како и со оглед на сензитивниот момент, вниманието и контраверзите што ја предизвика оваа дебата во јавноста, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија која е во опозиција, и чијшто претседател Христијан Мицкоски не е пратеник, а со тоа е оневозможен пред народните преставници да ги изрази своите погледи и ставови кон ова чуствително прашање, испраќаме барање да се овозможи негово обраќање на тековната пленарна седница по однос на предложените уставни измени“, стои во барањето на партијата.
Од партијата посочуваат дека ова право го овозможува Деловникот за работа на Собранието, каде согласно член 72, став 2 од Деловникот овозможува претседателот на Собранието да „може да покани на седницата на Собранието да присуствуваат и во работата да учествуваат претставници и на други органи и организации“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст