Популарната авторка на најголемите хитови во регионот, Марина Туцаковиќ, во почеток на февруари годинава се оперира од рак на дојка, а осум месеци по операцијата, редовно оди на лекарски контроли, со таа разлика што сега се чувствува добро, како што самата потврди.
Сега немам терапија, одам само на контроли и секој ден пијам еден лек. Треба да ја повторам имуно-вакцијана во ноември, тоа е вакцина што се дава во Германија. Нема да можам да патувам сама, па со мене ќе оди ли сопругот Фута или син ми Лаќа. Ма, секоја чест за нив што издржаа со мене и што се постојано покрај мене! На сите ни беше многу тешко“, изјави Марина.
„Се’ уште не е совршено, но ќе биде како што треба. Јас поминав низ пеколот, како што се вели, а дали завршил, ќе видиме допрва. Најважно е да се слушаат лекарите. Јас не пробав некаков алтернативен начин на лекување. Јадев цвекло, грицкав чуваркуќа и пиев чај од коприва и уште некои тревки за подобра крвна слика“, истакна Марина.
„Комплетно ги сменив животните навики, но цигарите не можев да ги исфрлам. Штом ми е малку подобро, јас веднаш се фаќам за цигара. Не ги сакам електронските цигари, едноставно, не ми се допаѓа нивниот мирис. Не е тоа тоа, па затоа немам желба да ги користам“, објасни Марина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст