| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешната жена на Ерос Рамацоти: Секта ми го уништи бракот

Така е тоа кога си во секта, ти затегнуваат јаже околу врат се повеќе и повеќе, се додека не ти го исперат мозокот – рекла актерката и поранешен модел, Мишел Хунцикер, за германското списание „Стерн“.

Поранешната сопруга на Ерос Рамацоти (54), раскажала како шест години била членка на сектата „Воини на светлиата“ и верувала во нивните приказни за претходен живот.

Italian singer Eros Ramazzotti and Swiss showgirl Michelle Hunziker posing in their wedding day at Castello Odescalchi in Bracciano (Rome), Italy, April 24th, 1998. (Photo by Rino Petrosino/Mondadori Portfolio via Getty Images)

Четириесет и едногодишната Мишел сметала дека била сестра на Исус, која се заљубила во римски војник и го издала својот брат и заминала со својот сакан во Рим. Но, Римјаните не сакале да имаат врска со неа, па живеела во беда и сиромаштија и тоа и било казна за предавството.

– Taa сестра бев јас. Верував дека сум била таа жена во претходниот живот и дека со себе ја носам таа вина – истакнала Мишел, која додала и дека верувала дека била сопруга на поранешен нацист чии злосторства не ги спречила.

Хунцикер посочила и дека била веганка, бидејќи сектата тврдела дека дури и пицата се прави од демонски состојки.

Секс и брак

Мишел открила и дека со години немала секс и дека секогаш покрај неа имало некој да ја контролира, а четири години не разговарала со мајка си и пријателите. Сектата, како што тврди таа, и го уништила бракот со Ерос Рамацоти, со кој во 1996 година ја доби ќерката Аурора (21), а две години подоцна се венчаа.

– Живеев во бајка. Ерос беше прекрасен, правеше се за мене, но често беше на турнеи, а јас останував сама дома – рекла Мишел.

Таа објаснила дека врз неа влијаело детството, бидејќи нејзините родители биле разведени, а нејзиниот татко почнал да пие и изгубила контакт со него. До пресврт во животот на Мишел дошло кога таа запознала наводна терапевтка, бидејќи имала проблеми со опаѓање на косата. На сеансите, терапевтката и рекла да се одвои од луѓето кои не ја сакаат затоа што може да и наштетат и дека Рамацоти во минатиот живот бил римскиот војник заради кој и живеела во сиромаштија и беда.

Сомнеж

– Мојот сопруг долго време се сомневаше во терапевтката и нејзината секта. Еден ден ме стави пред свршен чин: или тие или тој – се присетила Хунцикер, која ја избрала сектата наместо музичарот.

Од 2014 година Мишел Хунцикер е во брак со Томас Трасарди (35), сопственик на модната компанија „Трасарди“. Сопружниците ги имаат ќерките Селест (3) и Соле (4).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top