Спомен-обележјето што веќе почна да се гради кај триесетметарскиот јарбол со албанското знаме во Зајас ќе биде распослано на 3.220 квадратни метри, ќе го опфаќа споменикот „Албанската мајка“, кој ќе биде поставен во централниот дел, надгробни плочи во цилиндрична форма поставени од двете страни на споменикот, музеј во поранешната општинска зграда на Зајас, како и паркови и фонтани, јавува „Дневник“.
На десната страна на патот од Гостивар за Охрид, кај селото Зајас, Kичевско, ќе никне голем меморијален центар во спомен на убиените 500 Албанци од кичевскиот регион од српската војска во балканските војни. Со ова, 100 години по балканските војни, Зајас преку ДУИ ќе им даде почит на убиените роднини и соселани и, како што велат, ќе ги упокојат нивните души еден век по погибелот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



