| четврток, 6 декември 2018 |

Залутани сачми повредиле кавадарчанец

lovna puska

Залутани сачми од огнено оружје повредиле 45 жители на селото Дреново, Кавадаречко. Во саботата навечер околу 22 часот П.М поради крвавење на стапалото побарал лекарска помош на хируршкото одделенеие во Кавадарци, јави допиникот на „Дневник“.

– Констатирав прострелна рана за која во прв момент повредениот не беше свесен. Како што кажа, тој вечерта си го наводнувал лозјето и лежел на грб. Наеднаш почуствувал боцкање на левата нога. Отпрвин не обрнувал внимание, но кога почувствувал болка, ја соблекол чизмата забележал крвавење на стапалото од левата нога. По извршеното рендгенско снимање, констатиравме дека прострелната рана е направена од три сачми од ловечко огнено оружј е -кажува началникот на хирургија, доктор Дано Кулев.

Била повикана полицијата, која го процесуирала случајот. Ова е еден од ретките вакви случаеви во Тиквешко, кој не е за потценување, коментираат кавадарчани, бидејќи сачмите можеле да го погодат човекот во телото или во главата. Полицијата ќе утврдува кој пукал во саботата навечер, дали е во прашање лов на дивеч или пукањето било поради други причини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top