| четврток, 6 декември 2018 |

Хрват прв откри грешка во „Интернет eксплорер 11“

„Мajкрософт“ понуди по 11 илјади долари за секој што ќе открие слабост во најновата верзија на „Интернет експлорер“. Нивната понуда трае до 26 јули, а иако на нивна адреса веќе пристигнаа неколку пријави за можни слабости и грешки, првиот истражувач кој пронајде пропуст е Хрватот Иван Фратриќ.

Ова не е негово прво искуство со „Мајкрософт“. Фратриќ, кој работи како експерт за сигурност на интернет во „Гугл“, лани заработи 50 илјади долари како дел од натпреварот за програмирање на „Блу хет“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top