Меѓународната заедница жестоко го осуди убиството на бугарскат новинарка Викторија Маринова, чие тело беше пронајдено во утринските часови во саботата во градот Русе. „Би-би-си“ објави дека Викторија Маринова е трет најпознат новинар во Европската унија кој е убиен изминатата година.
Харлем Дезир, претставник на проектот „Против организиран криминал и корупција”, во кој учествуваше Маринова, побара итна и темелна истрага на случајот и казнување на сторителот.
Британски „Гардијан“, исто така, објави за убиството, додавајќи дека Маринова известувала за наводна корупција поврзана со европски фондови.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, вечерва во главниот град на Бугарија, ќе има бдение во чест на сурово убиената новинарка од Русе.
Таа беше административен директор на русенската локална телевизија. Злосторството го пријавил случаен граѓанин, кој го пронашол телото на Маринова, на шеталиштето покрај реката Дунав.
Засега од она што е утврдено може да се каже дека причина за смртта е повреда на главата, како резултат на нанесени удари и задушување. Во оваа фаза не е јасно дали жртвата била и силувана, бидејќи сè уште не е готова судско-медицинската експертиза, пренесува БГНЕС.
Се претпоставува дека убиството е поврзано со нејзината истражувачка работа.
За случајот се огласи и премиерот Бојко Борисов кој порача дека прашање на време е да се открие кој го извршил убиството, со оглед дека, како шторекол Борисов, криминалистичките екипи имаат генетски материјал, а на местото на настанот се испратени искусни професионалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


