Коалицијата за Подобра Македонија ги осудува сите нерегуларности присутни при референдумското изјаснување организирано од власта.

-Се осудуваат чиновите на евидентно полнење на кутии, притисоци, закани и уцени на администрацијата, групно гласање, лажното преставување, вознемирување на приватните телефонски броеви на членови на опозицијата од страна на организирани кол центри, зад кој постои основано сомневање дека стои токму СДСМ и редица други неправилности. Дури и со вакви брутални притисоци владта не успеа да го протурка договорот со Грција и доживеа неуспех. Воедно Коалицијата За подобра Македонија посочува дека одговорност мора да има за ваквите нерегуларности и груби злоупотреби кои не смеат да се повторат, велат од партијата и посочуваат:

„За да се надмине ова, Коалицијата За Подобра Македонија застанува зад барањата да се формира техничка влада најмалку 100 дена пред изборите, да се избере нов Јавен Обвинител на предлог на опозицијата, како и да се формира посебна собраниска комисија која ќе ги испита и утврди одговорностите за злоупотребите направени при референдумското изјаснување. Изборниот процес и народната волја не смее да биде украдена. Политичките партии од Коалицијата за Подобра Македонија смета дека референдумот е неуспех не само на договорот туку и казна за сите неуспешни и погрешни политики и неостварени ветувања на актуелната Влада. Македонија со чело на Зоран Заев е земја без иднина“.