Регистрирано е зголемување на бројот на мигранти и бегалци кои по море пристигнуваат во Грција од Турција, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР).
Кон крајот на септември во Грција пристигнале 23.419 лица, што е за 17 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2017 година, соопшти УНХЦР.
Уште 560 лица пристигнале на грчките острови во Егејското Море во првите четири дена од октомври, соопшти грчкото Министерство за миграциска политика.
Покрај ова, бројот на бегалци и мигранти, кои доаѓаат преку реката Марица која е на границата меѓу Грција и Турција, двојно се зголемил во споредба со минатата година.
Во 2017 година 5.500 мигранти ја преминале реката и влегле во Грција, а само во првите девет месеци од 2018 година тој број изнесува околу 12.000 лица, изјави во грчкиот Парламент министерот за миграциска политика Димитрис Вицас. Тој додаде дека властите планират да преместат повеќе мигранти и бегалци во континенталниот дел на земјата.
Според податоци на грчката крајбрежна стража, во последните 10 дена, повеќе од 2.000 мигранти се однесени во кампови во северна и централна Грција, а уште 19.000 чекаат да бидат преместени од грчките острови.
Целта на грчката Влада е да го намали бројот на мигрантите и бегалците кои се наоѓаат на островите во Егејското Море на 10.000 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа