| четврток, 6 декември 2018 |

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ Радовиш: Продолжува политичкиот реваншизам од страна на СДСМ во општината

Политичкиот реваншизам од страна на СДСМ во општина Радовиш продолжува, истакна Бојан Митевски, советник во Советот на општина Радовиш.

-СДСМ се во очај и паника после неуспешниот референдум за Договорот со Грција и промена на уставното име. Граѓаните на општина Радовиш го искажаа своето мислење за овој капитулантски договор. На ден 1.10.2018 од референдумот 2018, доктор Моника Ристевска, советник во советот на општина Радовиш од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и лекар вработен во Здравствен дом Радовиш од страна на в.д директорката Лимонка Илиевска и беше врачено решение за разрешување на раководител во службата за итна медицинска помош и домашно лекување, рече Митевски и додаде:

-Сметаме дека решението е неосновано и од политички причини мотивирано од причини што на нејзиното место е назначен лекар од општа пракса со 7 месечно искуство во службата за Итна медицинска помош, член и активист на СДСМ и активен за референдумот 2018. Ова решение сметаме дека е типичен пример за политичка дискриминација со цел да се наруши угледот и честа на доктор Моника Ристевска и да се заплашат останатите вработени во јавното здравство кои не се симпатизери и членови на СДСМ!

В.д. Директорката Лимонка Илиевска, подвлече тој, врши класична злоупотреба на функцијата со партиски унапредувања, вработувања без оглас на партиски членови и членови на нејзиното потесно семејство трошејќи го нејзиниот семен буџет наменет за пациентите.

-Се врши и директен мобинг на докторите за кои се водат и спорови за политичка дискриминација. Постои дефицит на доктори на медицина и специјалисти а се вработува среден медицински и немедицински несоодветен персонал за задоволување на семејните и партиски интереси. Сакаме да образложиме дека доктор Моника Ристеска никога не била опоменувана, казнувана или имала замерка за нејзината работа. Од в.д директорката ниту имало поплака од граѓаните. Таа е единствена во нашата општина која има меѓународен сертификат за укажување на итна медицинска помош и единствен регистриран едукатор за итна медицинска помош на републичко ниво во општина Радовиш, потенцираше Митевски и додаде:

„Па добро колеги советници од СДСМ затоа ли ве избраа граѓаните? Нели треба да си работиме заедно за доброто на граѓаните, а вие што правите? Учествувате во разрешување на квалитетни и посветени работници а унапредувате ваши несоодветни послушни политички кадри. Така ли ќе работиме за доброто на општината? Поради ова советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата привремено ќе се повлече од работа на комисиите при ЕЛС општина Радовиш“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top