Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го прогласи референдумот за неважечки, имајќи во предвид дека само 36% од граѓаните излегле на гласање. Од извештаите ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека повеќе од 50.000 ливчиња се фалсификувани, со што е прогласен референдумот за фалсификуван и не е прифатлив за партијата – изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ по состанокот на ИК.
Николоски додаде дека стојат на страната на оние кои се шиканирани од страна на власта, оние кои се под притисок и под закана. Од опозицијата бараат назначување на јавен обвинител на предлог на опозицијата за да се процесуираат сите нерегуларности за време на референдумот, а во насока на санкционирање на сторителите на кривични дела против изборниот законик и кривичниот законик.
Во врска со барањето на Заев за предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ упати порака дека ќе го победат СДСМ, но побараа да се почитуваат сите изборни закони.
Од опозицијата бараат почитување на Пржинскиот договор, што ќе значи формирање на Пржинска влада 100 дена пред избори. Тоа значи назначување на технички премиер, технички министер за внатрешни работи и труд и социјална политика, а потоа избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)