| четврток, 6 декември 2018 |

Со „Исцелител“ на Ставрески денеска почнува неофицијалната програма на Киненова

Денеска (3 октомври) почнува неофицијалниот дел на програмата на „Киненова“. Вечерва е проекцијата на македонскиот филм „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески. Проекцијата на филмот е во 18 часот во кино „Фросина“ МКЦ.
Механичар од железничко депо, немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала кои во него гледаат нова надеж, исцелител.
Режија: Ѓорче Ставрески, Траење на филмот: 113 минути
Цена на билетот: 100 денари
Годинава на третото издание на „Киненова“ има посебен фокус на норвешките остварувања, кои се вистински предизвик.
Денеска , среда (03.10), во киното Фросина,  со почеток во 20 часот ќе се прикаже филмот „Изборот на кралот“ (Kongens nei / The King’s Choice), Режија (Directed by): Ерик Попе (Erik Poppe), Сценарио (Written by): Харалд Розенлоу-Ег (Harald Rosenløw-Eeg), Јан Тригве Ројнленд (Jan Trygve Røyneland), Улоги (Cast): Џеспер Кристенсен (Jesper Christensen), Андерс Басмо Кристиансен (Anders Baasmo Christiansen), Карл Марковикс (Karl Markovics).
„Изборот на кралот“ е базиран врз вистинската приказна за трите драматични денови во април 1940-та, кога на Кралот на Норвешка му е даден незамислив ултиматум од германските воени сили: Да се предаде или да умре!
Кога германските воздушни сили и војниците почнуваат да ги ловат, кралското семејство е принудено да избега од главниот град. Тие одлучуваат да се поделат, без да знаат дали повторно ќе се видат. Крунисаната принцеза Марта ја напушта Норвешка со децата, обидувајќи се да најде азил во Шведска, додека Кралот Хакон и крунисаниот Принц Олав остануваат да се борат со Германците. После три дена очајно обидувајќи се да избегаат, Кралот Хакон ја донесува својата финална одлука. Тој одбива да капитулира, иако тоа може да го чини неговиот живот, животот на неговото семејство и животите на многуте норвежани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top