Германскиот државен медиумски сервис, Дојче Веле на својот сервис на српски јазик го анализира референдумот за името и упатува иако индиректни, сепак жестоки критики кон премиерот Заев и владата која ја обвинува за спинување на резултатите од неделата.
„Слабата излезност во Македонија е шамар за западот и тука спиновите за резултатот не помагаат“, пишува Дојче Веле во анализата насловена како „Бламажа на западот во Македонија“.
– Луѓето на Балканот се уморни од фразите за “европската перспектива” и “заедница на вредности”, пишува во анализата во која се цитираат највлијателни германски медиуми како Франкфуртер Алгемајне Цајтунг кој анализира два факти: поддршка за промена на името кај 91, 5 % од излезените и излезност од само 36,9 %.
Македонската редакција на Дојче Веле не ја пренесува оваа анализа за сопствената земја ниту пак користи сличен вокабулар и оценки за неделниот плебисцит.
Дел од новинарите во македонската редакција во изминативе години се отворени поддржувачи на политиките на СДСМ и на лидерот Зоран Заев кој во неделата според Дојче веле доживеал пораз кој не може да го спасат ниту спиновите на владините пропагандисти.
Целиот текст на Дојче Веле може да го прочитате тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст