| четврток, 6 декември 2018 |

Негрижата на СДСМ за вистинското културно наследство дојде на виделина, се распаѓа куќата на Стале Попов

-СДСМ ќе се фокусира на културно наследство и одржлив туризам Република Македонија никогаш повеќе да не го дочекува со запоставени и уништени, вредни и важни историски локалитети и бесценети природни и културни богатства,  изјави Роберт Алаѓозовски, кој беше првиот министер за култура од редовите на СДСМ.

Но веќе повеќе од година ипол се на власт, а културните наследства на Република Македонија се распаѓаат. Најголем пример затоа е и куќата на Стале Попов.

Во селото Мелница, Мариово се наоѓа родната куќа на македонскиот раскажувач и романописец, Стале Попов. Но, состојбата во која се наоѓа истата е катастрофална. Кровот одамна попуштил на времето, околу куќата се обраснати високи треви и трње, а полека и камените ѕидови почнале да паѓаат.

Стале Попов е еден од најзначајните книжевници во македонската историја кој својата љубов кон пишаниот збор ја искажал во млади години.

Негови најпознати литературни дела се „Крпен живот“, „Толе Паша“, „Калеш Анѓа“ и др. Стале Попов починал на 10-ти март, 1965 година на 62-годишна возраст.

СДСМ ветуваа дека ќе преземат мерки за заштита на културното наследство, и се покажа дека се дел од постизборната измама која им ја приредија на граѓаните и тоа се повеќе и повеќе јасно го покажуваат.

 

фото: Old Prilep/ Itar Pejo Mariovo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top