| четврток, 6 декември 2018 |

„Глас за Македонија“: Заев да си понесе итна и неотповиклива оставка, крахот нека не го претставува како успех

Партијата „Глас за Македонија“ бара итна и неотповиклива оставка од Зоран Заев.

-Денес, македонскиот народ и останатите граѓани на Република Македонија, јасно покажаа дека неговата политика на бесконечни кршења на законите, доживеа вистински бродолом. Народот одлучно кажа дека е против преименување на Македонците и на Македонија. Обидот да создаде вештачка творба наречена Северна Македонија е неприфатлив за огромното мнозинство, порачуваат од партијата на Солза Грчева.

Од „Глас за Македонија“ му порачуваат да престане да манипулира и крахот да го претставува како успех.

– Уште од првиот Законик на Хамураби, законите постојат да се почитуваат и следува казна за нивно кршење. Со својот однос, Заев се обидува да не врати во камено доба. Нема да му дозволиме да продолжи со својата политика на се или ништо. Впрочем, тој денес стигна до “ништо“. Оставка, порачуваат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top