| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Верувам дека огромно мнозинство ќе го поддржи Договорот

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е убеден дека големо мнозинство граѓани ќе ја поддржат промената на уставното име на земјата, што ќе ѝ овозможело пристапување кон НАТО и Европската унија.

– Верувам дека огромно мнозинство ќе го поддржи ова, бидејќи повеќе од 80 отсто од нашите граѓани се за Европската унија и за НАТО, кажа Заев за новинарите во Струмица по гласањето.

Премиерот ги повика граѓаните „во што поголем број“ да излезат на референдумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top