Во Делчево денеска навреме започна гласањето на болните и изнемоштени лица кои треба да се изјаснат по однос на референдумското прашање.
Како што информираше Владимир Петровски, претседател на Општинската изборна комисија Делчево, членовите на ОИК навреме се упатиле кон местата каде ќе гласаат болните и изнемоштени лица со што очекува гласањето да помине во најдобар ред.
– Општинската изборна комисија од Делчево е подготвена за успешно спроведување на референдумот. Во тек е гласање на болни и немоќни лица. Вкупно 85 болни и изнемоштени лица гласаат во Делчево. Се надеваме на успешен ден и дека гласањето ќе помине во најдобар ред. За утрешното гласање во Делчево ќе се гласа на вкупно 36 избирачки места. Право на глас во општина Делчево на референдумот имаат 14.721 гласач, рече Петровски.
Според информациите на општинските изборни комисии во Пехчево, Берово и Македонска Каменица, во овие општини ќе гласаат вкупно 73 лица. Од нив најмногу во Берово (32), во Македонска Каменица 28, а најмалку (13) болни и изнемоштени лица ќе гласаат во Пехчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%