| четврток, 6 декември 2018 |

На крај на месец не се разболувајте, лекови на рецепта нема!

Доколку ви треба било каков лек на рецепта сега на крај на месецот, бидете убедени дека нема да можете никако да го најдете во аптека.
-Точно дека е крај на месец, но лековите кои ми требаат ги има 28 таблети во кутија и морам да земам на крај на месец. Ги поминав сите аптеки и нема ништо морам да платам, а кутија чини 380 денари. Тоа за мене е многу – вели граѓанин кој има хронични болести.
Тој посочува дека со овој проблем се соочува секој месец.
Ова е сликата во аптеките секој месец, веќе подолг период, или како што се жалат граѓаните ова им се случува особено оваа година.
Пролетва од Фондот за здравствено за здравствено осигурање најавија ревидирање на квотите, но граѓаните сепак реагираат бидејќи остануваат без потребните хорнични лекови, а од Фондот молк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top