Научници од Харвард откриле дека овие пет здрави навики, можат да ви го продолжат животот за 10 години. Со менувањето на животниот стил, жените можат да го продолжат својот животен век за 14, а мажите за 12 години.
Во овие 5 навики спаѓаат:
– Здрава храна
– Редовно вежбање
– Одржување нормална килажа
– Минимално консумирање алкохол
– Престанок со пушење
Иако ова се веќе познати факти, истражувањето докажува колку добар ефект можат да имаат овие здрави навики, пренесува „Индепендент“.
Исто така, луѓето кои живеат здрав живот, имаат 82% помалку шанси за заболување од кардиоваскуларни болести, и 65% помала веројатност да заболат од рак, во однос на оние кои помалку внимаваат на своето здравје.
Ова истражување вклучувало податоци од изминатите 34 години, за 78.865 американски жени и во изминатите 27 години за 44.354 мажи.
Ако 50-годишна жена почне да живее на ваков начин и ги усвои сите овие здрави навики, може да живее уште 43 години. Ако ги игнорира овие навики и продолжи да живее нездраво, се очекува да живее уште 29 години. За мажите на иста возраст, усвојувањето на овие навики може да им го продолжи животот за 38 години, а ако одлучат да не ги практикуваат, им остануваат околу 26 години од животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.