| четврток, 6 декември 2018 |

Судот ги одби гаранциите на Мукоски и Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во куќен притвор и нема да се бранат од слобода, објави „Макфакс“. Кривичниот совет на судот ги одбил понудените гаранции со кои адвокатите минатата недела побарале да им биде укината мерката куќен притвор на нивните клиенти.

Јане Ченто, Никола Митровски – Кољо и Александар Василевски – Нинџа и Митко Пешов, пак, исто така понудиле гаранција да излезат од притвор и да се бранат од слобода, но кривичниот суд ги одбил и нивните барања, па сега и тие имаат право на жалба до Апелациониот суд во Скопје. Митко Пешов, суспендираниот началник во МВР, понудил гаранција од приближно 280 илјади евра, но не му била прифатена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top