| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен мафијашкиот лидер Лабате (видео)

pietro_labateМафијашкиот лидер, Пјетро Лабате, кој важеше за еден од најбараните бегалци во Италија, е уапсен по повеќе од две години бегство. Италијанската полиција соопшти дека шеесет и две годишниот Лабате од моќниот клан Ндрангета е откриен во Реџо Калабрија, по долготрајна истрага на полицијата. Во јули минатата година, тој во отсуство беше осуден на 20 години затвор за изнуда и уценување.

Ндрангета е една од четирите големи групи на организиран криминал во Италија, која се занимава со трговија со оружје и дрога, претежно кокаин, а нејзиниот годишен профит се проценува на повеќе од десетици милијарди евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top