| четврток, 6 декември 2018 |

Спиењето со отворена уста може да биде опасно

Спиењето со отворена уста може да предизвика проблеми со забите, а во екстремни случаеви би можеле и да останете без нив.

Струењето на воздухот помеѓу забите ја суши плунката која инаку ги чува забите. Може да биде штетно како и честото пиење на газирани пијалаци, пренесува „Вечерњи лист“.

Од истата причина, со помала количина на плунка би можеле да имате и непријатен здив.

Доколку спиете со отворена уста, постои можност да се разбудите уморни. Недостатокот на воздух предизвикува чувство на умор, а спиењето со отворена уста значи и мал проток на кислород во белите дробови.

Уште една непријатна појава од овој начин на спиење се испукани и суви усни. А, причината поради која спиете со отврена уста е прекумерната тежина и проблеми со дишењето преку нос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top