Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата “Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје”, при Друштвото на филмски работници на Македонија во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ирена Ристиќ – актер, Амернис Нокшиќи – актер, Горан Трајкоски – композитор, Игор Тошевски – ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски – режисер и Наум Доксевски – кинематографер, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, донесе одлука филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески, да биде национален кандидат на Република Македонија за оваа награда за 2019 година.
Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Враќање“ во режија на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши, и „Здивот на ангелот“ во режија на Јани Бојаџи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.