| четврток, 6 декември 2018 |

Скопски пожарникар починал вчера на клиника, му се слошило по интервенција

Вчера околу 16 часот во Скопје, во непосредна близина на транзитниот центар за странци е опожарена поголема површина на сува трева и неколку дрвени куќички (напуштени гулабарници), додека во делот на транзитниот центар е зафатена помала површина на сува трева.

Пожарот е изгаснат од екипи на Противпожатна единица. При гасењето на пожарот на пожарникарот Г.Ј.(47) од Скопје му се слошило и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Во 18.30 часот Г.Ј. починал.

Со наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top