Папата Франциско им порача на младите Французи дека сексот е „голем дар од Бога“, а не табу, и дека треба да биде плод на животната, страствена љубов на мажите и жените.
Папата пред група млади католици од Греноблската бискупија ги повика да ја заштитат својата сексуалност од порнографијата и други искушенија што го издвојуваат сексот од љубовта.
„Луѓето паѓаат и прават гревови, но тоа не е сексуалноста на љубовта. Сексот е дар од Бога, а не табу, и има две цели: покажување љубов и создавање живот“, нагласи тој.
Црковното учење исклучува секс пред брак и дозволува полов однос само помеѓу жена и маж. Исто така, Црквата е против вештачката контрацепција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


