| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за синоќешниот инцидент на Бит пазар: Пронајден нож и рамка од пиштол на местото на нападот

Синоќа на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје, пред поликлиника „Бит Пазар“, 41 – годишниот С.С. од село Сарај, скопско, вработен како такси возач, додека чекал на такси станица со своето возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, му се доближиле повеќе непознати лица, кои по кратка вербална расправија физички го нападнале.

После тоа, С.С. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Бит Пазар, при што биле пронајдени траги од крв, еден нож и една рамка од пиштол со 15 куршуми непознат калибар.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top