Претставата „Тоби“ на Театарот за деца и младинци освои пет награди на 7. Меѓународен фестивал за кукларство во Подгорица.
Како што соопшти ТДМ, „Тоби“ освои: Гран-при за најдобра претстава; Награда за најдобра режија за Драгослав Тодоровиќ; Награда за актерско мајсторство за Марија Ѓорѓијовска; Награда за најдобро техничко-естетско решение на кукли за Ирина Сомборац и Награда за најдобра претстава од Детското жири на фестивалот.
Следно гостување на претставата „Тоби“ ќе биде на фестивалот во Суботица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.