Вчера околу пладне на регионалниот пат Прилеп – Кичево, во атар на село Русјаци, товарно возило „Фиат Дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.З. (60) од село Самоков – Македонски Брод, излетало од патот и удрило во дрво.
На пат за болницата во Прилеп, Р.З. им подлегнал на повредите, а сопатникот С.А. (18) од село Ковач-Македонски Брод бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст