| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјанец добил унапредување со фалсификувана диплома

Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Г.Д. (51) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, казниво по член 380 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Пријавениот во текот на 2016 година набавил фалсификувано уверение за положени испити од Високата школа за менаџмент во сообраќајот во Ниш, Република Србија.

На 30.09.2016 година во Јавното претпријатие „Стипион 2011“ – Штип, каде е вработен, го приложил за добивање на решение за работа на повисоко работно место, за што му бил издаден нов договор за вработување во јавното претпријатие на работно место контролор во сообраќај во Одделението за платени паркинзи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top