| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазено 10-годишно момче

Вчера во 13.40 часот на ул.„109“ во Тетово, патничко возило „форд фокус“ со италијански регистарски ознаки, управувано од Ш.Ф.(60) од Тетово, удрило во 10-годишно момче од Тетово.

На детето му била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top