| четврток, 6 декември 2018 |

Диего Симеоне: Џовани никогаш нема да игра за мене

Аргентинскиот тренер, Диего Симеоне вели дека неговиот син, Џовани Симеоне никогаш нема да заигра во негов тим. Џовани со гол дебитираше во сениорскиот тим на Аргентина, a напаѓачот на Фиорентина последниве две сезони бележи одличен напредок и му се предвидува голема кариера.

– Со возбудување го гледав во дресот на националниот тим, знае тој какво е нашето чувство за Аргентина и тој го има тоа. Навистина беше одличен, вели Диего Симеоне.

И покрај тоа што Џовани може да стане голем фудбалер, Диего Симеоне не размислува да го ангажира во својот тим.

– Не сакам многу да зборувам од позиција на татко, но како тренер, тој има се што треба за да игра за мене, за жал никогаш нема да го земам во мој тим, не сакам да го кажам ова, но многу е тешко да имаш свое дете во соблекувалната, тешко е за него, за нашиот однос. Доколку кариерата му се одвива онака како што треба, можеби еден ден ќе заигра за Атлетико Мадрид, но тоа би се случило кога јас нема да бидам тука, изјавил Диего Симеоне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top