
На подрачјето на Град Скопје вчера се случиле девет сообраќајни незгоди, во кои едно лице е тешко повредено, а петмина полесно. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Полицијата фатила 25 лица кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак. Исклучени од сообраќај биле 18 возачи, двајца од нив ги управувале возилата под дејство на алкохол, 15 пред да стекнат со право на управување на моторно возило, а еден бил возач почетник. Од сообраќај полицијата исклучила 16 возила, од кои 14 биле нерегистрирани, а две технички неисправни.
Полицијата вчера издала 66 мандатни казни за непрописно паркирање, од нив 65 биле подигнати со пајак. Осумнаесет пешаци се казнети за поминување коловоз надвор од пешачки премин, а тројца на црвено светло. Четворица возачи се казнети за поминување на крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, а двајца за неправилно престигнување. Осуммина возачи се казнети за не користење на заштитен додека управувале мотор, мопед или мотоцикл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


