| четврток, 6 декември 2018 |

Нов бисер на Божидар Димитров: Ахмети e способен да биде премиер на Македонија

Bozhidar Dimitrov

Али Ахмети докажа дека е способен да биде премиер на Македонија, изјави за бугарската агенција „Фокус“, директорот на Националниот историски музеј, Божидар Димитров, откако деновиве лидерот на ДУИ, при својата посета на Софија, даде поддршка за Договорот за добрососедство и за решавање на спорот за името со Грција.

Во оваа последна „генијална“ идеја на овој антимакедонец се вели:
– Презентацијата на Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција, за време на меѓународната конференција во Софија „Балканот од 100 години – од војна кон мир“, покажа дека албанската етничка заедница во Македонија отсекогаш имала многу повеќе подготвени политички лидери. Ахмети докажа дека односите можат да одат во сосема поинаква насока, и ако еден ден тој биде премиер на Република Македонија, тогаш односите со Грција, Бугарија, Албанија, но и со Косово ќе расцветаат, а Македонија може да излезе од изолацијата која сама на себе си ја наметнува – изјави професорот Божидар Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top