| четврток, 6 декември 2018 |

Лукаку го „спаси“ Мурињо

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку ги постигна двата гола во вечерашната победа на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Барнли и со тоа го намали притисокот што беше насочен кон тренерот Жозе Мурињо, за кого се шпекулираше дека ќе добие отказ во случај на пораз.

По четири рунди Јунајтед е на средината на премиерлигашката табела со половичен ефект од две победи и два пораза.

Затоа пак со изненадувања продолжи тимот на Вотфорд кој славеше победа на дуелот со Тотенхем со 2:1. Токму Спарс во минатото коло го „понижија“ Манчестер на „Олд Трафорд“, но денес се „лизнаа“ кај на теренот на незгодниот ривал.

Вотфорд со максимални 12 бода е на делба на првата позиција заедно со големите имиња на англискиот фудбал, Ливерпул и Челзи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top