| четврток, 6 декември 2018 |

Три момчиња претепани ноќеска во Тетово, ги удиралe и со стаклено шише

Ноќеска по полноќ, било пријавено дека во Тетово на улицата “Борис Кидрич“, Х.Ј.(21) од с. Сараќино, К.С. (21) од с. Брвеница и И.С.(22) од с. Сараќино додека биле во угостителски објект биле нападнати од страна на две лица кои ги познавале, при што сите биле извадени надвор од објектот од страна на обезбедувањето.

По кратко време тројцата повторно биле нападнати од двете лица, кои овој пат дошле со уште неколку други лица, а во еден момент еден од напаѓачите со стаклено шише им задал неколку удари по глава на Х.Ј. и К.С. кои се здобиле со расекотина. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top