Доматите се сезонски зеленчук, чии плодови се собираат од мај до октомври. По потекло се од Северна и Јужна Америка, а на европскиот континент прв пат се видени во Португалија и Шпанија кон крајот на 15-от век. Поради својата енергетска и лековита вредност многу брзо станаа омилена салата и прелив, а благодарејќи на ликопенот и витаминот Ц се идеална храна против стареење. Доматот е богат со белковини, бета каротен, билни масти, витамини А, Б,Ц, Д и К, а од минерали железо, калиум, калциум, магнезиум, натриум и фосфорд. Во зависност од количините содржи и лутеин, минерални соли, кофеинска, хлорогенска и ферулинска киселина.
За астматичари
Истражувањата на научниците покажале дека доматите може да ја намалат зачестеноста на астмата. Практична потврда добиле после седумдневен експеримент. Прво на пациентите им давале храна сиромашна со антиоксиданти, а потоа екстракти и други производи од домати богати со ликопен. Готовите резултати покажале дека доматот го регулира проблемот на астматичарите и е пожелно да се вклучи во нивната редовна исхрана.
Сок од домати
Докажано е дека сокот од домати е делотворен. Го регулира метаболизмот, ја засилува отпорноста и ги отстранува вишокот на течности од организмот, а доколку не му се додава сол, помага и кај снижување на крвниот притисок и болести со уринарните патишта. Го потикнува создавањето на крвните зрнца и правилна работа на панкреасот, и затоа треба да биде составен дел кај аемични лица и дијабетичари. АКО СЕ КОРИСТИ ИСКЛУЧИВО КАКО ЛЕК треба да се пијат најмалку два децилитри дневно.
Помага кај акните
Доматот содржи киселина која делува на исушување на акните. Неговата природа помага и во апсорбција на преголемата масностија која кожата може да ја лачи. Како дополнителн бонус, он има природно својство на осветлување на кожата, што може да погне некои рани да осветлат. Доволно е да изгмечите зрел домат и да го намаќкате осетливото место. Оставете го на кожата 20 до 30 минути, а потоа измијте го местото со млака вода.
Ги смалува раширените пори
Доматите функционираат како природни затегнувачи, кои помагаат кожата да се затегне и раширените пори да се намалат.Ставете во чинија супена лажица сок од домат и додајте неколку капки од свеж сок од лимон. Исчистете го лицето со вода и потоа нанесете ја со памук оваа мешавина. Оставете 15 минути, измијте го лицето со ладна вода и потоа истапкајте ја кожата со чист и мек пешкир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст