| четврток, 6 декември 2018 |

Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени

Најмалку девет лица биле повредени, а неколку стотици притворени по вчерашните масовни протести на германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц на истокот на земјата.

Околу 4.500 националисти и 3.500 социјалисти учествуваа на собирите, на кои имаше и големо полициско присуство, во обид да се спречи директен судир меѓу двете групи. Протестите во хемниц почнаа минатата сабота, кога двајца мигранти, од Ирак и од Сирија, го заклаа 35 годишниот Даниел Хилиг. Неговото убиство предизвика масовни протести и напади на германски националисти врз мигранти во градот, што пак доведе до контра-протестите на про-имигрантските групи.

За време на вчерашниот протест, на протестот организиран од партиите АфД и ПЕГИДА биле носени фотографии на Германци убиени од страна на мигранти. На чело на другата страна, пак, биле мигранти повредени во војните на Блискиот Исток или нападнати од страна на германски националисти.

Припадници од двете групи имаа повремени судири со полицијата, особено при обидот на социјалистичките демонстранти да ја блокираат улицата по која националистите најавиле дека планираат да поминат

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top