Министерката за европски интеграции на Косово, Дурата Хоџа им честита на косовските граѓани за позитивната одлука на Комитетот ЛИБЕ на Европскиот Парламент (ЕП) за визна либерализација и изрази надеж дека визите ќе се укинат до крајот на годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.
– Косово ги исполни сите услови кои беа побарани и очекуваме процесот на донесување одлука да се затвори во текот на оваа година, напиша Хоџа на Фејсбук.
Сепак, нагласува таа, „сега се е во рацете на институциите на Европската унија“.
Според Хоџа, процесот сега продолжува со пленарна седница на ЕП, што се очекува да се одржи кон средината на септември, потоа во Советот на министри и со натамошните процедури.
Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни прашања – ЛИБЕ при ЕП претпладнево, со 30 гласа „за“, 10 „против“ и два „воздржани“, гласаше за визна либерализација за Косово. По ова гласање, прашањето на либерализацијата преминува во Европскиот Парламент и во Советот за меѓуинституционални договори за либерализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст