| четврток, 6 декември 2018 |

Се самоуби деветгодишно момче откако четири дена било малтретирано од соученици (ВИДЕО)

Деветгодишно момче се самоубило откако четири дена било хомофобно злоставувано во училиште во Денвер, изјавила неговата мајка за американските медиуми.

Лејла Пирс раскажала дека нејзиниот син Џамел Малс летово открил дека е хомосексуалец.

-Беше преплашен кога ми кажа: „Мамо, јас сум геј“. Бевме во автомобил и го погледнав, целиот беше вкочанет додека зборуваше. Му реков дека се уште го сакам, изјавила мајката на Џамел.

Децата на училиште му рекле да се самоубие, рекла мајката и додала: „Ми беше сонце, единец“.

Џамел тргнал во четврто одделение во училиштето „Џо Шумејкер“ во Денвер во понеделникот, а неколку дена претходно изјавил дека е горд што е хомосексуалец. Неговата мајка го пронашла мртов во домот во четвртокот.

-Само четири дена одеше на училиште. Само толку им требаше. Можам да замислам што се му зборувале. Син ми ѝ рече на мојата најстара ќерка дека децата на училиште му рекле да се убие. Жал ми е што не ми се обрати мене, изјавила мајката.

И децата и родителите треба да преземат одговорност

Пирс рекла дека зборува јавно за да ја крене свеста за последиците од булингот, малтретирање на училиште.

-Мислам дека сите треба да преземат одговорност, и децата кои го прават тоа зашто знаат дека не сакаат некој друг да им го прави истото, и родителите кои очигледно ги учат децата на такво однесувањр или таака се однесуваат кон нив.

Уколскиот округ испратил писмо во кое наведува дека ќе им понуди дополнителни советодавни услуги на учениците и ќе продолжи да му дава поддршка на семејството на Џамел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top