По повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија, Сојуз на спортови на Скопје ја организира 7-та велосипедска тура низ Македонија. Овој настан е под покровителство на Владата на Република Македонија и има за цел да прерасне во активност која ќе го негува здравиот живот во Македонија уште многу години.
Претседателот на Сојуз на спортови на Скопје, Ѓорги Кузмановски на своја 77 годишна возраст, заедно со Дејан Момировски, поранешен велосипедист и тренер на 50 годишна возраст, ќе ја започнат 90 километарската тура на 1ви Септември, сабота. Тие ќе тргнат од плоштад Македонија во Скопје во 09.30 часот и очекуваат да пристигнат во Богомила во 13.00 часот.
Покажувајќи ја истрајноста и пожртвуваноста да ја достигнат својата цел, Ѓорги и Дејан докажуваат дека со многу мотивација и желба секој може да го постигне тоа што го сака и истовремено да ја прослави својата и независноста на државата.
Со ова Кузмановски и Момировски прават уште еден чекор за зајакнување на спортот во Македонија.Тие ги поттикнуваат сите да се впуштат во авантура која никогаш нема да ја заборават.
Од 2012 до денес ги имаат реализирано следниве тури:
2012 Битола – Скопје 175 км
2013 Скопје – Гевгелија 165 км
2014 Скопје – Свети Николе 77 км
2015 Крушево – Скопје 152 км
2016 Штип – Струмица 110 км
2017 Маврово – Кичево – Битола 122 км
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст