Роднини, пријатели, претставници од полицијата и бранители положија цвеќе и запалија свеќи пред спомен плочата во гостиварската населба Циглана, во знак на почит кон Александар Николиќ и Даил Јанкоски полициски резервисти кои беа убиени во 2002 година. Во нив пукале непознати лица од автомобил во движење.На местото каде што беа застрелани додека беа должност на полициски пункт беше отслужена панихида.
Од собирот од здружението на бранители Бедем порачаа вакви таргедии повеќе да не се повторат и дека никогаш нема да ги заборават колегите кои загинале во одбрана на Македонија.
Букети цвеќе за Александар и Даил беа положени и на нивните вечни почивалишта на градските гробишта. Погибијата на двајцата резервисти, сé уште до крај не е расветелна и не е познато, кој и зошто пукаше во нив додека беа на полициски пункт во населбата Циглана со што беа прерано ги прекинати животите на двајцата, а еден резервист во таа ноќ беше ранет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


