| четврток, 6 декември 2018 |

Настрада велосипедист кај Никуштак: Го удрил и избегал

Во саботата околу 17.15 часот на регионален пат Куманово – Скопје, на излез од село Никуштак, непознато патничко моторно возило управувано од непознато лице удрило во велосипедистот М.А. (59) од село Никуштак, Липково. Возачот избегал, а М.А. беспомошен, со тешки телесни повреди, останал да лежи на патот. Му помогнале минувачи, кои ја повикале кумановската брза помош. На велосипедистот му била укажана лекарска помош во болница Куманово и е задржан на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top