Јубилејна, педесетта трансплантација на бубрег од жив дарител беше изведена денес на Клиниката за урологија.
Во тимот за трансплантација се д-р Сашо Дохчев како шеф на Одделот за трансплантација, д-р Оливер Станков, д-р Сотир Ставридис, д-р Скендер Саиди и директорот прим. д-р Михаил Пенев. Во тимот учествува и васкуларен хирург д-р Александар Јосифов, како и колегите од Клиниката за нефрологија, Анестезиологија, како и Одделението за ХЛА типизација и РТГ институт.
Во 2012 година биле направени 23 бубрежни трансплантации од жив дарител, а во 2013, досега се направени нови 27 трансплантации, со што денес е направена јубилејната, 50. трансплантација од жив дарител на Клиниката за урологија.
На овој начин со проекција од преку 40 трансплантации за оваа година, Македонија би била рангирана меѓу земјите со најголем број трансплантации од жив дарител на милион жители.
На овој начин успешно се остваруваат ветените проекции за трансплантација од жив дарител, со изразен ентузијазам и заедничка напорна работа на сите инволвирани професионалци, коешто сметаме дека е достојно за почит, велат од Клиниката за урологија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


