
Даниел Јошески, вработен во Јавното претпријатие „Комуналец“ во Прилеп, добил покана да се јави кај јавен обвинител во ОЈО Прилеп, откако на социјалните мрежи ги критикувал условите за работа во претпријатието.
Откако на својот ФБ профил објавил фотографии од катастрофалните услови за работа во претпријатието, прилепчанецот Даниел Јошески се соочил со низа на закани од претпоставените како и со барања да бидат повлечени објавите.

Бидејќи Јошески одбил да ги повлече објавите, тој се сомнева дека директорот на претпријатието во обид да го замолчи побарал интервенција од јавното обвинителство, кое пак му испратило покана за да даде „одредени известувања“ пред јавен обвинител.

Претходно, информира Јошевски, тој неколкупати бил повикуван и во полициска станица на информативни разговори откако своја изјава за случувањата во јавното претпријатие зборувал и на телевизија. Јошевски за Инфомакс додава дека се работи за класичен политички реваншизам, и мобинг на работно место, особено поради фактот што тој има петмесечно бебе за кое треба да се грижи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


