По реакциите на граѓаните и еколошките здруженија дека скопјани и во лето дишат загаден воздух градоначалникот Шилегов тврди дека инспекцискиот надзор е засилен, минатата недела биле исконтролирани 70 инсталации особено во делот на Железара, но не открива што констатирале инспекторите на терен и какви мерки презеле. Инаку токму во оваа општина мерната станица за квалитет на воздухот е на поправка, пренесува денеска „Сител“.
По реакциите на граѓаните и еко здруженијата дека во неколку скопски општини и во лето алармантна е состојбата со загадениот воздух, градоначалникот Шилегов тврди дека инспекцискиот надзор е засилен, но не открива што констатирале на терен инспекторите и кои мерки ги презеле.
-Во текот на минатата недела инспекторатот на Град Скопје изврши инспекциски надзор на 70 инсталации носители на Б лиценци, што се директна одговорност на администрацијата со која јас раководам особено во делот на Железара каде имаше реакција од граѓаните превземени се мерки. Инспекцискиот надзор е засилен во различни термини од денот и граѓаните да не се сомневаат во инспекторатот, изјави Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.
Инаку токму во Гази Баба мерната станица за квалитетот на воздухот е расипана и не покажува колкава е количината на ПМ 10 честичките во воздухот. По апелот од еко активистите да се санкционираат загадувачите и надлежните навреме да преземат конкретни активности да не чекаат до зима, градоначалникот на Скопје денеска се пофали дека енергетски ефикасните фасади на 13 средни училиишта ќе придонесат до значително намалување на загадувањето во главниот град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст