| четврток, 6 декември 2018 |

Прекината потрагата по исчезнатите во уривањето на мостот во Џенова

Потрагата по исчезнатите во уривањето на мостот во Џенова заврши во текот на ноќта, пренесуваат агенциите. Откако во болница во Џенова почина романски возач на камион, официјалниот број на загинати порасна на 43.

Девет лица се сѐ уште во болница, од кои четири во критична состојба, пренесува Ројтерс.

Потсекретарот на италијанскиот премиер Џанкарло Џорџети изјави дека италијанската влада ќе почне нов план кој треба да ја направи инфраструктурата во Италија побезбедна.

– Тоа ќе бидат операции на одржување без преседан, со огромни вложувања во јавните работи, изјави Џорџети.

Иако не изнесе точна цифра за овие проекти, Џорџети истакна дека нема да се обѕира на буџетскиот дефицит, БДП и европските правила. Со планот ќе бидат опфатени автопатите, мостовите, вијадуктите, но и јавните згради како училиштата, изјави потсекретарот на италијанската влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top